Земјиштето кај Горица пак на продажба

Bez autora
Nov 24 2010

Министерството за транспорт и врски, повторно ќе распише јавна објава за продажба на атрактивното земјиште во комплексот Горица на Охридското Езеро на кое е предвидено да се гради хотел од прва категорија. Компанијата "Каса градба" - Скопје не ги уплати парите во законскиот рок од 15 дена за ова земјиште за кое беше најповолен понудувач и не ја достави потребната банкарската гаранција од 200.000 евра, предвидена во јавната објава. Имено, "Каса градба" - Скопје за земјиштето со површина 15.878 квадрати на охридското крајбрежје понуди цена од 1.444.898 денари (23.817 евра ), на наддавањето што се одржа на 02.11-2010 година. Почетната цена на наддавањето беше 61 денар за квадрат. Владата три години очајно се обидува да најде инвеститор. Во 2008 година за ова земјиште беше заинтересиран брендот во хотелиерството "Хилтон", но подоцна се премислија. Со тоа пропадна инвестиција која се проценуваше на околу 25 милиони евра. Интерес постоеше и кај реномираниот "Соравија", но и тие се откажаа од намерата за изградба на луксузен хотел на овој дел од источното крајбрежје.

Земјиштето кај Горица пак на продажбаМинистерството за транспорт и врски, повторно ќе распише јавна објава за продажба на атрактивното земјиште во комплексот Горица на Охридското Езеро на кое е предвидено да се гради хотел од прва категорија.

Компанијата "Каса градба" - Скопје не ги уплати парите во законскиот рок од 15 дена за ова земјиште за кое беше најповолен понудувач и не ја достави потребната банкарската гаранција од 200.000 евра, предвидена во јавната објава. Имено, "Каса градба" - Скопје за земјиштето со површина 15.878 квадрати на охридското крајбрежје понуди цена од 1.444.898 денари (23.817 евра ), на наддавањето што се одржа на 02.11-2010 година. Почетната цена на наддавањето беше 61 денар за квадрат.

Владата три години очајно се обидува да најде инвеститор. Во 2008 година за ова земјиште беше заинтересиран брендот во хотелиерството "Хилтон", но подоцна се премислија. Со тоа пропадна инвестиција која се проценуваше на околу 25 милиони евра. Интерес постоеше и кај реномираниот "Соравија", но и тие се откажаа од намерата за изградба на луксузен хотел на овој дел од источното крајбрежје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik